Министерот за внатрешни работи на Албанија Саимир Тахири денеска до премиерот Еди Рама ја поднел својата оставка, јавуваат албанските медиуми, дополнувајќи дека подоцна се очекува негова прес-конференција на која ќе ја потврди оваа одлука.

Балкан веб објави дека иако Тахири навел дека одлуката за оставка е само негова, сепак извори од Владата наведуваат дека истата била побарана од страна на Рама, на само три месеци пред одржувањето на парламентарните избори во земјата.

Ора њуз наведува дека в понеделник ќе има и други смени во владиниот кабинет, истакнувајќи ги имињата на Дамиан Ѓикнури и Дитмир Бушати.

Албанските медиуми шпекулираат дека на местото на Тахири ќе дојде Нико Пелеши, кој во моментов е вицепремиер и еден од најблиските соработници на Рама.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2017 17:26