Единствената реална платформа што ја гледа целата домашна и меѓународна јавност е Програмата на новата реформска Влада, којашто содржи мерки за основните потреби на граѓаните и ја гарантира унитарноста на државата.

Единствено ВМРО-ДПМНЕ има потреба да се преправа дека не ја гледа Програмата на новата Влада, затоа што раководството на партијата има потреба да ја продолабочува политичката криза .

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ неуспешно се залажува дека на тој начин можат да го заштитат криминално стекнатото богатство и се спасат од одговорност за тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2017 17:33