Мажите се визуелни типови и тоа е причината што се вртат по секоја згодна девојка која минува покрај нив. Мажите обожаваат жени во мини сукњи, во тесни фустани, високи потпетици, но најмногу од сѐ сакаат жени во секси долна облека.
Мажите постојано ја замислуваат својата партнерка во најразлични секси изданија. Ако му приредите некое од нив, ќе го полудите од возбуда. Еве неколку примери како да изгледате секси и заводлива пред него.
Бел корсет за исончан тен
Белата долна облека истовремено изгледа секси и невино, а и момците ја обожаваат. Белиот корсет е вистинскиот избор особено во летниот период кога имате исончан тен – комбинација со која ќе го воодушевите.
Секси чорапи
Приредете му на партнерот вистинска филмска сцена и набавете црни чорапи со подвезици. Верувајте дека ќе имате незаборавен секс.
Заводлива наметка
Жените честопати мислат дека мажите не ги сакаат наметките за по дома, но ако го дочекате во убава свилена или сатенска наметка, под која ѕирка секси долна облека или немате прслук под неа ќе направите да полуди од вашиот стајлинг.
Нешто црвено
Црвената боја секогаш е секси и возбудлива. Кога ќе сакате повторно да ја разбудите страста во креветот, одберете парче долна облека во жешко црвена боја. Се препорачува и горниот и долниот дел да бидат во иста комбинација.
Секси ноќница
Памучните пижами се секси, но момците едноставно не можат да одолеат на свилени или сатенски ноќници во кои жените изгледаат фантастично, без оглед на градбата.
Доколенки за спортска варијанта
Некои дами не сакаат секси долна облека, подвезици и чипки. Но, можат да изгледаат опасно заводнички во обични сиви доколенки, кои во секојдневните комбинации изгледаат опуштено, но и секси.