Новак Ѓоковиќ успешно ја почна одбраната на трофејот на АТП турнирот во Индијан Велс, САД. Србинот ноќеска го победи Кајл Едмунд (Велика Британија) со 2-0, по сетови 6:4 и 7:6.

Ѓоковиќ кој е прв фаворит по испаѓањето на првиот светски рекет Енди Мареј, во следната рунда ќе се сретне со Хуан Мартин Дел Потро од Аргентина.

Од другите фаворити за највисок пласман, место во третата рунда обезбедија Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Надал беше убедлив на мечот со Густаво Пела (Аргентина) со 6:3 и 6:2.


Победи на фаворитите на Индијан Велс

Федерер исто така во два сета со 6:2 и 6:1 го совлада Стефан Роберт од Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2017 22:31