Сите граѓани ќе имаат пристап до гас затоа што цела Македонија ќе биде гасифицирана како што е предвидено во Програмата на новата реформска Влада на граѓаните.
Груевски напразно ветува бидејки граѓаните знаат дека тој имаше 10 години да донесе природен гас во полошкиот регион, како и секаде низ Македонија, но тоа не го стори затоа што беше заинтересиран за личното богатство на фамилијата.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да ја прифатат новата реалност дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта, наместо да поттикнуваат поделби, омраза и насилство со што нема да се спасат од одговорност за направените криминали, се вели во партиското соопштение на СДСМ.