На 13.03.2017 година во 18.05 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека во Скопје на ул. „Џон Кенеди“, во спортската обложувалница непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од вработените ги одзел парите од дневниот промет, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
На 13.03.2017 година во 20.41 часот во ЕИК Скопје, вработен во спортска обложувалница на ул. „Козле“ пријавил дека непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со огнено оружје од вработените одзел пари од дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.