Станислас Вавринка ја искористи улогата на фаворит и се пласираше во осминафиналето на мастерсот во Индијан Велс триумфирајќи против Филип Колшрајбер со 7-5,6-3.
За разлика од Вавринка, во следната рунда натпревари нема да го има Томаш Бердих, кој неочекувано загуби од Јапонецот Нишиоке со 1-6,7-6,6-4.
Со добрите игри продолжи и српскиот тенисер Душан Лајовиќ, кој се пласираше во осминафиналето победувајќи го Канаѓанецот Васек Поспишил со 6-7,6-3,7-5. Гаел Монфилс победи со 6-2,6-4 против Џон Иснер, и во осминафиналето ќе игра против Доминик Тим, кој во два сета славеше против Миша Зверев.