Победничката во Светскиот куп во алпско скијање, Италијанката Федерика Брињоне, е оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад за време на трката од првенството на Италија во Вал ди Фаса. „Во најсреќниот момент од мојата кариера, тоа навистина не беше потребно“, изјави Брињоне во првата изјава по операцијата.

„Имав уште еден месец работа и едвај чекав да ги завршам овие последни обврски. Наместо тоа, ме очекува нов предизвик, каде како и секогаш ќе дадам сè од себе“, додаде италијанската скијачка.

Италијанските медиуми пренесуваат денеска дека сега и претстојат месеци за опоравување. Според истите извори, на Брињоне ќе и бидат потребни меѓу шест и осум месеци за целосно да закрепне. Во таков случај, Брињоне ќе го пропушти целиот прв дел од подготовките за сезоната пред Олимпијадата во Кортина во 2026 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2025 07:24