Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Барселона, Кире Лазаров е меѓу најдобрите стрелци во Лигата на шампионите по завршувањето на групната фаза. Лазаров се наоѓа на делба на седмото место со вкупно 71 гол, исто колку и Хулен Агинагалде од Киелце.
Магнус Груб Браминг од Холстебро и Јери Толбринг имаат по 72. Пред нив се Блаж Јанц (Целје) и Момир Илиќ (Веспрем) со по 77 постигнати гола, Уве Генсхајмер од ПСЖ има 83, а лидер е Унгарецот Габор Часар од Кадетен Шафхаузен, со вкупно 84 гола.
Од македонските екипи најдобар стрелец е Алекс Душебаев (Вардар), со вкупно 64 гола, неговиот соиграч Тимур Дибиров има 59 гола, додека од Металург најефикасен е Немања Обрадовиќ со 52 погодоци.
Во ТОП 50 најдобри стрелци се наоѓа и Игор Карачиќ од Вардар кој со 48 голови е на делба на 47.место.