Немаше никакви дилеми околу победникот на средбата особено по почетните 10 минути. Тогаш Извиѓач успеа да води со 5-4, по што следуваше серија на „црвено-црните" од 7-1 за водство на вардарци од 11-6 во 17 минута. На полувреме имавме позитива од „плус 5" за водство 17-12.

На гостувањето во Љубушки бевме без Арпад Штербик, Петар Ангелов, Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов, Даниил Шикарев, Вуко Борозан, Александар Деревен и Илија Абутовиќ.

Домаќините не се предаваа и го искористија нашето опуштање во играта, па намалија на 118-20 и 19-21 во 40 минута. Тоа беше знак за Вардар повторно да заигра поангажирано и пак направи солидна предност од 4-5 голови. На оваа средба деби за Вардар имаше и новиот бек во нашите редови, Јања Војводиќ.

Вардар како првопласиран од регуларниот дел на сезоната влегува во полуфиналето на завршниот турнир. Наш ривал ќе биде четвртопласираниот тим од регуларниот дел.

Извиѓач - Вардар 27-33 (12-17)

Извиѓач: Иванковиќ (одбрани 7 топки), Квесиќ 1 (одбрани 2 топки), Грбавац, Миличевиќ, Гргиќ 2, Мандиќ 2, Чутура 2, Јарак 1, Грбавац 8, Грбавац 1, Рагуз, Павлак 1, Хрстиќ 3, Родин 1, Николиќ 3, Павлак 2.

ВАРДАР: Милиќ (одбрани 12 топки и 2 седмерци), Ѓорѓески (одбрани 1 топка), Недановски 3, Поповски 3, Мораеш 3, Македа 4, Карачиќ 8, Душебаев 2, Кањељас 6, Циндриќ 2, Чупиќ 1, Војводиќ, Марсениќ 3.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2017 03:58