Новак Ѓоковиќ го совлада Дел Потро со 2:1, додека Рафаел Надал и Рожер Федерер ќе се сретнат во уште една епска тениска приказна.
Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер остварија победи на ноќеска одиграните дуели на Мастерсот во Индијан Велс. Ѓоковиќ со 2-1 (7:5; 4:6 и 6:1) во сетови го победи Хуан Мартин Дел Потро и во следната рунда ќе игра против Ник Киргиос. Ова за Ѓоковиќ беше јубилејна 300.та победа на Мастерс турнирите.
Федерер беше подобар од Стив Џонсон добивајќи ги двата сета во тај брек 7:6 (7:3) и 7:6 (7:4). Вечерва после полноќ е дуелот од осминафиналето меѓу Федерер и Рафаел Надал, кој претходно во 3.коло беше одобар од Фернандо Вердаско.