Аболицираниот криминалец Зоран Заев помеѓу Тиранската Платформа и државните и национални интереси на својот народ ја одбра платформата, која значи директно мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

Аболицираниот Зоран Заев и СДСМ само да се доберат до власт, се подготвени на целосна двојазичност на државата, двојазични амблеми на војската и полицијата, двојазични банкноти и монети, како и прогласување на сопствениот народ за геноциден.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ не смеат веќе да бегаат и да се кријат со разни лаги и манипулации од народот.

Граѓаните на Република Македонија очекуваат, Зоран Заев и СДСМ јасно да ја отфрлат Тиранската Платформа и да се обврзат дека нема да ги реализираат елементите од неа.

Доколку СДСМ го стори тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за идната Влада која што би ја формирал и предводел Зоран Заев.

Доколку пак аболицираниот Зоран Заев е импресиониран од Тиранската Платформа нека прифати парламентарни избори заедно со локалните избори во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана. Така граѓаните ќе може јасно да кажат што мислат за тоа, без притоа да бидат изборно измамени, како што тоа веќе еднаш им го направи СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2017 14:57