Претставници и лидерот на Движењето БЕСА денеска остварија средба со раководството на СДСМ, на која, како што информираат од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба по недоделувањето на мандатот од страна на претседателот на државата.
На средбата, наведуваат во соопштението, е разговарано и за можните решенија за излез од кризата со која се соочува земјата за функционализација на институциите.
Најавуваат дека контактите помеѓу партиите ќе продолжат и во наредните денови и истакнуваат дека Движењето БЕСА и понатаму ќе игра конструктивна улога продолжувајќи и понатаму да биде дел од решението, а не дел од проблемот.