Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска на средба со амбасадорот на Норвешка во Македонија, Арне Санес Бјорнстад, на која, како што соопшти ДУИ, се разговарало за политичката ситуација во државава и напорите да се заврши конститутивната седница на Собранието и изборот на новата влада. Ахмети, според соопштението, истакнал дека главните парламентарни партии мора веднаш да почнат дијалог за продолжување на конститутивната собраниска седница што ќе резултира со избор на претседателот на Парламентот и ќе се деблокира оваа значајна институција. - ДУИ ќе го даде својот конструктивен придонес во овој поглед и ги поддржува сите напори кон решавање на кризата, се вели во соопштението. Ахмети, како што соопштува ДУИ, нагласил и дека политичката и институционалната криза во никој случај не треба се претворат во меѓуетничка криза, а политичките партии во државава треба да го дадат својот придонес во таа насока. / МИА.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2017 22:55