После најавата на уценетиот Зоран Заев за отворање на дебата за елементите од Тиранската Платформа, дебатата почна да се реализира на дело.

Човекот што го навредуваше и потценуваше македонскиот народ во секоја своја изјава, Питер Ванхауте ја откри крајната цел на ова сценарио, а тоа е Федерализација на Република Македонија.

Албанската пратеничка, Месила Дода се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида.

Партнерот на аболицираниот криминалец Зоран Заев, Зијадин Села јавно го негира македонскиот идентитет и вели дека пред 100 години не постоеле Македонци и кажа дека не го почитува знамето, грбот и химната на Република Македонија.

Од друга страна Трифун Костовски дрско и без срам јасно говори дека треба да им се одземе правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да го кажат сопственото мислење и да се борат во заштита на највисоките државни и национални интереси.

Јавноста со право е загрижена. Јавноста може да претпостави дека оваа дебата, односно пазарење со националните и државни интереси, ќе заврши со редефинирање на државата.

Единствен излез од оваа ситуација е аболицираниот Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ да соберат храброст и да ја отфрлат Тиранската Платформа.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ останува на својата понуда. Доколку СДСМ се откаже од Тиранската Платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада.

ВМРО-ДПМНЕ сеуште стои на позицијата дека предвремени парламентарни избори заедно со локалните се решение од кризата, бидејќи граѓаните тогаш ќе може јасно да одлучат дали ќе ја поддржат Тиранската Платформа и елементите содржани во неа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2017 14:41