Роже Федерер експресно го доби дербито со Надал во два сета и обезбеди пласман во 1/4 финалето на Мастерс серијата во Индијан Велс.

Мечот беше решен за 68 минути со резултат 6-2 и 6-3 преку двата брејка кои ги направи Федерер во првиот и вториот сет.

Швајцарeцот играше перфектно од првиот до последниот поен а преку неговата офанзивна тактика, Рафа буквално изгледаше како мало дете пред него. За ветеранот на тениските терени оваа убедлива победа беше трета по ред во меѓусебните дуели против Надал.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2017 15:02