Лошата форма на Новак Ѓоковиќ продолжува и понатаму. Србинот доживеа рана елиминација уште во осминафиналниот меч каде што по втор пат во низа загуби од Ник Киргиос кој игра под знамето на Австралија.

Српскиот тенисер заслужено изгуби бидејќи на теренот покажа многу лоша игра а противникот тоа го искористи на најдобар можен начин.

По водството од 1:0 на Киргиос кој го доби првиот сет со 6:4 во гемови, во вториот сет Ноле се обиде да израмни но загуби во тај – брејкот и на тој начин Киргиос го доби сетот со 7:6 во гемови и натпреварот со 2:0 во сетови.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2017 01:15