Првата дама на Соединетите Американски Држави, која по потекло е од Словенија, деновиве доби вино и салама во нејзина чест.

Шевница, малото градче во Словенија во кое што живеат околу 5.000 жители, каде што Меланија го поминала своето детство, вчера промовираше вино и салама во нејзина чест насловени како First Lady.

На овој начин властите во Словенија ја продолжуваат кампањата која ја започнаа за промоција на туризмот во Словенија. Пред некое време на влезот во Шевница се појави и билборд со слика на Меланија и порака “Добредојдовте во родното место на првата дама на Америка“

Добар начин за реклама, ама мораше ли баш салама!?



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2017 02:48