Унгарскиот ракометен шампион и првак на СЕХА лигата Веспрем денеска ги претстави новите играчи кои од следната сезона ќе го носат дресот на овој клуб. Меѓу засилувањата е и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков. Тој од бундеслигашот Рајн Некар Ловен ќе мине во редовите на Веспрем.
Манасков потпиша едногодишен договор со важност до 30 јуни 2018 година.
Крилото на македонската репрезентација од Вардар пред една сезона замина во Рајн Некар Левен, но во германскиот шампион сезонава немаше голема минутажа покрај Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон.
Веспрем денеска ги претстави и сите засилувања за наредните две сезони: тренерот Љубомир Врањеш заедно со Дејан Манасков, Мануел Штрлек, Кент Робин Тонесен, Вилијам Акамбре, Кентин Мае и Матијас Ѓер.
Веспрем од летово од клупата ќе биде предводен од Љубомир Врањеш.