На 16.03.2017 година околу 11.30 часот во с.Бачиште, кичевско, од страна на поголема група кучиња било нападнато четиригодишно дете од истото село, по што истиот во критична состојба е пренесен во Ургентен центар Скопје. Имено, четиригодишното дете излегло од куќата и сакало да премине преку нива и да појде во соседната куќа, но во тој момент било нападнато од кучиња кои дошле од соседната штала со овци, сопственост на Ш.В. (49) од с.Бачиште, каде истиот ги чувал кучињата пуштени, како и други кучиња скитници. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Кичево, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2017 17:25