Иво Вајгл или нешто не разбрал или свесно се става на страна аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите сценаристи со пласирање на лаги и измислици, доколку воопшто дал таква изјава каква што е објавена.

Најостро демантираме дека Претседателот Никола Груевски дал изјава каква што Иво Вајгл пренесува преку медиумите.

Со ваквите малициозни дезинформации, доколку воопшто ги дал Иво Вајгл, тој служејќи на нечии интереси само долева масло на огнот во актуелната политичка криза, наместо јавно да ја осуди Тиранската платформа и мешањето на соседни држави во внатрешните работи на Република Македонија.

Главниот акцент на разговорите со господинот Вајгл и останатите европретставници беше ставен на неопходноста од нови предвремени парламентарни избори како најдобар начин за излез од актуелната криза. Распишувањето на нови избори ќе даде најдобар одговор што мислат граѓаните за постизборното коалицирање врз база на Тиранската платформа и изигрувањето на волјата на мнозинството Македонци и граѓани на Македонија, кои ја поддржаа програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

Исто така беше соопштен и принципиелниот став на Претседателот Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, кој гласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи дури и малцинска влада на СДСМ, само доколку аболицираниот криминалец Зоран Заев се откаже од Тиранската платформа и јавно се обврзе дека нема да реализира ниту еден од нејзините елементи. Впрочем, Претседателот Груевски во интервју потврди дека сме подготвени да поддржиме таква влада на СДСМ и покрај тоа што се очекува очајниот Заев да продолжи преку неговото СЈО да нарачува политички прогон и монтирање на случаи против раководството на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ очекува европратеникот Вајгл или да се огради од невистините и да ги демантира како негова изјава доколку не ги кажал, или да се извини за политичките манипулации со кои што ја доведува јавноста во заблуда заради остварување на нечии агенди.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2017 16:42