Л.М. (45) од село Доленци, кој живее во Германија, вчера во полициска станица Битола пријавил дека во периодот од 10:00 часот на 24-ти март до 10:00 часот на 25-ти март непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан на ул. „Михајло Андоновски“ во Битола.
Сторителот, како што соопшти полицијата, со употреба на подесен предмет ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршеното пребарување одзел 14.200 евра, по што побегнал во непознат правец.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.