Веспрем го победи Загреб на гостински терен на натпревар од осминафиналето во ракометната Лига на шампиони со 23:22 и има предност пред реваншот во Унгарија.
Гостинска победа оствари и Рајн Некар над Кил со 25:24.
Непоразен на теренот на противникот остана и ПСЖ кој во француската пресметка одигра 26:26 кај Нант.
Денеска играат:
Монпеље – Киелце,
Силкеборг – ПИК Сегед и
Мешков Брест – Флензбург.
Директен пласман во четвртфиналето имаат обезбедено Вардар и Барселона.