Бојан Галевски, Коста Бинов, Марио Кузев и Мили Кацаревиќ, момците од Acoustic Division кои на јавноста и се познати по одличните забави кои ги прават низ скопските локали, во етерот пуштија фантастична изведба на нумерата Somebody to love снимена во студиото Револушн во акустична верзија.

„Работевме напорно за крајниот продукт да биде перфектен. Изведбата на Somebody to love е само најава за наредниот период за кога спремаме промоција на уште 1 “студиски cover”, како и промоција на наш нов авторски материјал“ – вели Бојан Галевски, гитаристот на бендот.

Додека да ги видиме новите проекти на Аcoustic Division, уживајте во изведбата на Somebody to love



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2017 13:35