Четири ракометарки на Вардар добија покана да играат за селекцијата на светот, што ќе биде водена од Мартин Амбруш.

Натпреварот е планиран за 21 јуни во Прага во организација на ракометните федерации на Чешка и на Словачка.

Покана за настап на овој егзибициски натпревар добија Амандин Лејно, Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Камила Херем. Селекцијата на светот би одиграла натпревар против селекција на Чехословачка.

Натпреварот е закажан за втората половина на јуни со цел да завршат сите клупски и репрезентативни обврски на играчите.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2017 14:52