Роџер Федерер е победник на Мастерсот во Мајами и ја продолжува доминацијата во 2017 година. По Австралија Опен и Индијан Велс, 35-годишниот Швајцарец го освои и турнирот во Ки Бискејн, откако во меч кој траеше еден и пол час, го совлада големиот ривал Рафаел Надал со 2-0 во сетови (6-3, 6-4). Ова е трета титула на овој турнир за најтрофејниот тенисер во историјата на Грен слем турнирите и негов 91. трофеј во кариерата.

Старите ривали играа многу поизедначен меч за разлика од тој пред две недели во Индијан Велс, но откако Надал не ги реализира своите брејк топки, Швајцарецот беше немилосрден и во одлучувачките моменти ги казни шансите кои Шпанецот му ги укажа.

Најнапред Федерер направи брејк во осмиот гем и со тоа го доби првиот сет, а а слично сценариот се случи и во вториот сет, каде Федерер направи брејк при 5-4 и потоа со одличен сервис го потврди сетот и победата.

Следниот турнир е во Монте Карло кон крајот на месец април.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2017 22:23