Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, победи на Големата награда на Кина, втората трка на Формула 1 во новата сезона.
Хамилтон на патеката во Шангај суверено стигна до првиот трофеј во сезоната, водеше од почетокот до крајот на трката, а вкупно петти во Кина, што никој досега не успеал да го направи тоа.
Британецот трката ја заврши за време од 1:37:36.158 пред Себастијан Фетел, кој заостануваше повеќе од шест секунди, и Макс Ферстапен, кој стартуваше од 16-тата позиција и успеа да ја комплетира тројката на подиумот.
Хамилтон и Фетел по двете трки, имаат по едно прво и по едно второ место, па го делат првото место во генералниот пласман.
За разлика од многу претходни, трката во Кина беше многу интересна, а освен херојското возење на Ферстапен, ја обележа и несреќата на Антонио Џовинаци уште во четвртиот круг. Безбедносното возило мораше да излезе на патеката и тоа многу влијаеше Англичанецот лесно да триумфира.
Пред почетокот на трката врнеше дожд, но патеката се исуши додека се возеше „сејфти кара“ и ривалите на Хамилтон немаа шанси, иако имаше одредени проблеми со пневматиците по враќањето од боксот.
Четвртото место го зазеде Даниел Рикијардо од Ред Бул, а петти беше Кими Раиконен, возачот на Ферари. Бодови освоија уште: Валтери Ботас од Мерцедес, Карлос Саинс од екипата на Торо Росо, Кевин Магнусен од Хас и двајцата возачи на Форс Индија, Серхио Перез и Естебан Окон.
Следната трка на шампионатот на програмата е во недела, на 16-ти април, од 17 часот, за Големата награда на Бахреин.