Секој од нас има некакво минато. Добро е кога ќе го споредите минатото со сегашноста да сфатите дека сте пораснале и дека вашето вчера е милион пати полошо од вашето денес, никако обратно. Секој чекор и постапка од минатото за кое сте сметале дека е грешка, претворете ја во одлична лекција. Никогаш немојте да се каете за вашите поранешни љубови, туку научете ја лекцијата.

Од поранешните момчиња ќе научите колку една жена може да даде љубов, дури и ако не и е во иста мера возвратена. Од нив научивме дека можете се да си купите, освен емоции.

Од нив ќе научите колку е добро раскинувањето. Ве тера да пораснете, да се осознаете себеси, да стигнете до вистинската причина зошто некогаш подобро е сами, отколку со погрешен човек.

Вистинскиот човек сака бескомпромисно, а не непромислено.

Ќе научите дека оној што ве шета по скришни места и игра топло – ладно не е вреден ни за минутка од вашето скапоцено време.

Од поранешните момчиња ќе знаете дека под изговорот за пауза од врска и недостатокот на страст секогаш стои некоја друга девојка.

Тие ќе ве научат дека срцето може да биде скршено, но еден ден ќе дојде еден нов, прекрасен човек и тој ќе ви го состави.

Поранешните момчиња секогаш имаат многу маани кои најчесто ги откривате откако ќе раскинете. Но, тоа не нешто ново и страшно.

Понекогаш, ние не се заљубуваме во човекот, туку во приказната која би ја имале. Тоа е и подобрата варијанта на вљубеност, секогаш боли помалку.

Потрудете се од секој човек кој влегол и излегол од вашиот свет, да креирате лекција. И заблагодарете се за тоа. Да не беше токму некое момче поранешно, сега можеби не ќе го имавте ни сегашниот кој е неспоредлив со се она порано и кој е толку прекрасен.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2017 06:40