Вардар се враќа од Данска со победа, 28-26 во првиот четврт-финален натпревар од лигата на шампионите. Меѓу оние ракометарки што имаа свој ден беше и голманката Амандин Лејно.

ЕХФ нејзината одбрана ја рангираше на првото место во својот избор по првите четвртфинални натпревари. Таа имаше 13 успешни одбрани на дуелот со Митјиланд.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2017 09:11