Владимир Милчин избега од дебата и соочување со фактите, вели аналитичарот Никола Србов.

Според него, тој денеска требал да снима дебата со Владимир Милчин но тој не се појавил на договорената емисија на ТВ21.

-Денеска на ТВ21 требаше да се сними дебата која ќе се емитува утре 14.април, кога ме повика уредничката ми кажа дека Владимир Милчин прифатил дебата по што и јас прифатив, токму заради Милчин, со цел да ги спротиставиме аргументите и културно да дебатираме, во спротивно немаше ни да прифатам. Кога влегов во студиото, како гости беа викнати двајца студенти од соросовиот универзитет од Будимпешта и на местото на Милчин седеше Агим Јонуз. Јас одбив да седнам на дебата бидејќи Милчин избегал од истата, а дојдов токму заради него, на тоа Јонуз вели „сега јавно ќе те исплукам бидејќи ме омаловажуваш“, но човекот не сфаќа дека го користат токму за тоа, само да плука и да го симнува нивото на дискусиите. Принципот и нивото очигледно го допираат дното. Нејсе, до Милчин: господине Милчин, кога сакате и каде сакате ќе дојдам да дебатираме, Вие изберете, ТВ21, Телма или 24 вести, сеедно, јас сум спремен- објави аналитичарот Никола Србов на својот Фејсбук профил.

Милчин избега од дебата


Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2017 16:15