Пепа Димитрова е изведувач на женската верзија на легендарната песна „На Велигден“ од Џокси.
Песната е снимена во студиото Ентерпрајз под водство на Дамир Имери а видеото е снимано во Енигма продукција.
За разлика од најголемиот Велигденски хит на сите времиња во изведба на Џина Папас Џокси , женската верзија на оваа нумера е во модерен, етно-џез стил.
„Ми беше голем предизвик да ја донесам песната во женска верзија, во еден малку, помодерен ритам, а сепак да не избегаме од оригиналот, вели Пепа Димитрова. Погледнете како звучи „На Велигден“ испеана од женски вокал.