Во сабота (17,30 ч.) ракометарките на Вардар го играат реванш натпревар од четврт-финалето во лигата на шампионите против Митјиланд, каде ќе бараат пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.

На првиот натпревар во Данска нашите девојки победија со 28-26, па сега треба само да го потврдат својот квалитет, и по четврти пат да бидат меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Вардарки оваа недела се подготвуваа за натпреварот и во очекување се на натпревар што треба да покаже дека сме спремни за последниот месец сезонава во кој се берат плодовите на напорната работа претходните месеци.

На првиот меч во Данска, одигравме одлично прво полувреме, а потоа кога веќе беше јасно дека сме н апат да победиме се опуштивме овозможувајќи му на ривалот да намали, па дури и да се закани дека може да изненади. Сега сите се подготвени да потврдат дека Вардар е поквалитетен тим.

За саботниот натпревар сѐ уште има билети кои можат да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk

Ирина Дибирова - тренер на Вардар

„Останаа само два дена до натпревар, сите играчи се во добра форма, очекуваме тежок натпревар, Митјиланд е добра екипиа и ќе дадат сѐ од себе за реваншот. Ние ќе дадеме се од себе, да победиме.

Андреа Лекиќ - бек на Вардар

„Не бевме сите здрави во Данска, сега имаме подобра ситуацијата. Очекувам добра игра и полна сала за пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта"

Андреа Пенезиќ - бек на Вардар

„Сите знаеме колкав е влогот и што ни носи овој натпревар. Мораме силно да отвориме, како во Данска, тие ќе дојдат силно мотивиртани но ние мораме да покажеме пред нашата публика што сакаме, пред нашата публика да го потврдиме пласман на Ф4"

Гордана Нацева - претседател на Вардар

„Последниот четврт-финален натпревар го гледам како еден од низата од три натпревари кои ни преостануваат во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе имаме три победи до крајот. Имаме резултат кој ќе не одржува претпазливи до сабота. Да ја искористам оваа последна прес-конференција пред натпревар, да се заблагодарам на публиката која создаваше одлична атмосфера во текот на сезонната, на навивачката група Комбат кои ни дадоа дополнителна енергија и на сите кои го бодрат клубот".



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2017 17:21