Себастијан Фетел се врати на првата позиција во генералниот пласман во Формула 1 по победата на денешното гран при кое што се возеше во Бахреин.
Трката во Бахраин беше полна со возбудувања, а во делови од неа на водечката позиција се најдоа возачот кој што стартуваше од пол позиција, Валтери Ботас, неговиот тимски колега Луис Хамилтон како и конечниот победник Себастијан Фетел.
Одлуката на Ферари да оди на пит стоп порано на крајот испадна како добитна, бидејќи за време на периодот кога на патеката имаше Сејфти Кар, возачите на Мерцедес мораа да се чекаат во питот.
Во тој момент, Хамилтон ја направи и клучната грешка, која што го чинеше победа, откако на влезот на пит стопот го задржа Даниел Рикардо за што заработи казна од пет секунди.
Фетел не беше предизвикан до крајот на трката, иако Хамилтон го зголеми тепото пред крајот, кога драстично ја намали разликата.
Покрај Фетел и Хамилтон на подиумот се искачи и Валтери Ботас од Мерцедес, а клупскиот колега на победникот, Кими Раиконен заврши четврт.
Даниел Рикардо од Ред Бул беше петти, а позади него следуваа Фелипе Маса, Серхио Перез, Роман Грожан, Нико Хулкенберг и Естебан Окон од шестата до десетата позиција.
Во генералниот пласман во моментов во предност е Себастијан Фетел со 68 поени, пред Луис Хамилтон со 61, а нивните тимски колеги се на третата и четвртата позиција. Валтери Ботас од Мерцедес е трет со 38 поени, додека другиот возач на Ферари, Кими Раиконен е четврти со 34 поени.
Следно на календарот е Големата награда на Русија, која што се вози на 30. април.