Претседателот на СДСМ, Зоран Заев за големиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден беше во црквата Свети Димитриј во Струмица.
Празникот го започна ноќта со граѓаните со кои сподели заедничка верба дека ќе има живот за сите во Македонија.
-Одлучни сме да одговориме на оваа наша света обврска, порача претседателот Заев на граѓаните кои ги очекуваат промените што треба да им донесат квалитетен живот во стабилна, просперитетна, унитарна Македонија.
Заедно со граѓаните празнуваа и повеќемина претставници на раководството на СДСМ и на Извршниот одбор.
-Го избравме вистинскиот пат. Овој голем христијански празник на победата на животот ќе донесе живот за сите граѓани на Македонија, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски кој беше синоќа во црквата Свети Димитрија во Крива Паланка.
Таму беше и членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски.
-Да продолжиме заедно почитувани граѓани! Заедничката среќа е нашата иднина, повика Николовски при средбите со граѓаните.