Врховната изборна комисија на Турција соопшти дека на референдумот за измени на Уставот за воведување претседателски систем победиле поддржувачите на измените со 1,25 милиони гласови.

Ова го изјави синоќа пред новинарите претседателот на Врховната комисија Сади Гувен.

Првичните резултати од обработените гласачки ливиња покажуваат дека гласови „за“ на референдуот се за 1,25 милиони повеќе од тие со „не“.

– Со тој резултат беше кажано „да“ на измените на Уставот, посочи Гувен.

Врз основа на 99 отсто преброени гласови 51,3 отсто од гласачите ги поддржале измените на Уставот, додека 48,3 биле против.

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна за 11 до 12 денови, додаде тој.

Гувен посочи дека процедурата за пребројување на гласовите е речиси завршена и останува да се обработат уште околу 600 илјади гласачки ливчиња.

Тој додаде дека Комисијата по големиот број приговори, одлучи да го разгледа признавањето на гласачките ливчиња без печат, освен доколку не се докаже дека се лажни.

Гувен на прес-конференција во Анкара прецизира дека еден од тие приговори пристигнал од владејачката Партија на правдата и развојот, која тврди дека нејзини функцинери не успеале да стават печат на одредени ливчиња.

Откако противниците на уставните реформи изјавија дека таа одлука е донесена во последен момент, се отвори прашањето за валидноста на гласањето, а Гувен изјави дека таа е донесена пред резултатите да почнат да стигнуваат во Комисијата.


Турците кажаа „Да“ за Претседателски систем

Тој додаде дека припадници на владејачката Партија на правдата и развојот и на најголемите опозициски партии биле присутни на речиси сите избирачки места и потпишале извештаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2017 08:34