Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц повика денеска за запирање на преговорите за членство на Турција во Европската унија.

– По референдумот во Турција не можеме само да се вратиме на прашањата. Неопходно е да пројавиме чесност што се однесува до односите Турција-ЕУ, напиша Курц на Твитер.

Австрискиот министер повика за запирање на преговорите за членство на Турција во Унијата и наместо тоа да биде склучен договор за добрососедство.

Канцеларот Кристијан Керн изјави дека по вчерашниот референдум, „перспективите за членство на Турција во пракса се веќе погребани“.

– Влегуваме во нова ера, нагласи тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2017 07:10