Првичните извештаи на меѓународните набљудувачи кои го надгледуваа референдумот во Турција, одразуваат пристрасност заснована на предрасуди, се вели во соопштение од турското МНР.
Тие велат дека за турската држава е неприфатлива оценката дека гласањето не ги исполнило меѓународните стандарди.
САД ги повикаа денеска лидерите на Турција да ги почитуваат мислењата на опозицијата и слободата на изразување откако на референдум победи опцијата за уставни реформи.
„Вашингтон не го оспорува исходот од референдумот, но забележува дека набљудувачите на ОБСЕ изразиле загриженост и повикуваат владата да ги почитува правата на своите граѓани без оглед за тоа како гласале“. Во соопштение се додава дека имало неправилности на денот на гласање и за време на кампањата.