Човекот кој стои зад Тиранска Платформа продолжува да ја промовира соросовата политика на предизвикување конфликти со уште поопасни ставови како што е прекројување на границите на Балканот, а СДС продолжува упорно да молчи.

Колку должи и кому должи криминогеното раководство на СДС е нивен личен проблем. Тој долг не смее и нема да се плаќа за сметка на највисоките државни и национални интереси.

СДС уште еднаш на македонскиот народ докажа дека тие се партија која работи за нивните џебови и не мислат на иднината на граѓаните.

Криминогеното раководство на СДС и нивниот аболициран претседател Зоран Заев се би дале и жртвувале за да дојдат до власт.

Народот ги прочита, и му се спротивстави на СДС, излезе на улица и над педесет дена без престан му кажуваат дека националните и државни интереси не се на продажба.

Граѓаните секој ден на СДС му порачуваат дека не им се потребни платформи од туѓи земји, народот бара инвестиции, нови работни места, мерки.

На СДС му порачува ако треба да исплаќаат некакви фактури на нарко дилери и криминалци нека си ги платат со нивните пари а не да ги плаќа народот или државата.

Оваа криза наметната од СДС мора да заврши. Народот бара избори, на кои ќе се изјаснат и ќе знаат за што гласаат, да не се чувствуваат пост изборно изманипулирани. Така народот ќе го казни СДС.

Затоа народот е на нозе !

Затоа Македонија се буди !



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2017 12:19