Албанскиот Парламент денеска не успеа да избере претседател на земјата бидејќи опозицијата, која повикува на формирање преодна влада и бара организирање „чесни“ избори, и натаму ја бојкотира работата на Парламентот, пренесоа француските медиуми.

Социјалистичката Влада на премиерот Еди Рама одлучи да не поднесува кандидатура во првиот круг од изјаснувањето. Владеачките партии ја повикаа опозицијата да се врати во Парламентот, во кој таа отсуствува по сопствена иницијатива од средината на февруари и да се постигне консензус за името на новиот претседател на републиката.

Според албанскиот Устав, за изборот на претседател на земјата се потребни гласовите на 84 од 140-те членови на Парламентот.

Владеачката коалиција веќе располага со ова мнозинство.

Вториот круг од изборот е предвиден за утре.

Доколку пратениците не успеат да изберат претседател на земјата по пет круга гласање, Парламентот треба да се распушти и да се организираат нови парламентарни избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2017 09:14