Доколку СДС не се плашеше од гласот на македонските граѓани и доколку на криминалецот Заев нивната волја му беше поважна од обврските кон нарко-дилерите и сите кои го негираат македонскиот идентитет, веќе ќе почнуваше кампањата за предвремените парламентарни и локални избори.
Доколку криминогеното раководство на СДС имаше образ и одлучеше да ги праша граѓаните за Тиранската Платформа, наместо постизборно да им ја подметне, веќе наголемо ќе течеа дебатите околу штетните последици од кукавичкото прифаќање на елементите од платформата.
Доколку СДС наместо антидржавна и антинационална политика, донесеше демократска одлука да се оди на избори, на 7-ми или на 14-ти мај ќе се знаеше волјата на народот и Македонија ќе ја отвореше вратата за излез од политичката криза.
Наместо храбра и државничка политика, криминалецот Заев одбра да се спасува од кривична одговорност и да ги прифаќа сите уцени.
Криминалецот Заев одбра да молчи за сите навреди и негирања на македонскиот идентитет. Криминалецот Заев одбра да воведува двојазичност на целата територија и да ги менува парите и униформите. Криминалецот Заев одбра да го осуди сопствениот народ за геноцид и да дебатира за промена на химната, грбот и знамето.
СДС одбра да молчи бидејќи фактурата која што треба да ја исплатат е голема, а сакаат да ја исплатат преку продавање на националните и државни интереси.
СДС молчи, но народот не молчи. Народот секој ден излегува на улици со јасна порака Македонија не е на продажба. Со Македонија не се тргува. Македонија народот ја сака како унитарна држава.
Народот бара РЕАЛНИ мерки за подобра иднина. Народот не сака платформи од туѓи држави.
Народот бара нови предвремени парламентарни избори за да му покаже на СДС како се сака Македонија.
Затоа народот е на нозе !
Затоа Македонија се буди !