Списанието „Пипл“ по петти пат ја прогласи Џулија Робертс за најубава жена во светот.

Задовлна од ова признание актерката рече дека и годи титулата, но додаде оти верува дека „најубвите години во нејзиниот живот се пред неа“.

Робертс за најубава ена во светот според изборот на „Пипл“ првпат е прогласена во 1991 година, откако стекна светска слава со романтичната комедија „Убава жена“.

Истата титула ја понесе повторно и во 2000, 2005 и 2010.

Минатогодишната лауреатка во изборот на „Пипл“ беше ѕвезда на серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2017 05:14