Од студиото на Токсиколози излезе ново парче музика заедно со видео запис. Станува за збор за соло песна на Џоле од Токсиколози а песната е насловена “Тоа што ќе посакам”. Интересно е тоа што идејата е едноставна но впечатлива, а видеото е снимено во еден тејк или попознато како One-Shot.

Видеото е снимено од страна на Кристијан Теодоров, видео едитот е на Кристијан Манчевски, инструменталот е дело на Иван Костадинов-Панда а за микс и мастер се потруди Дамјан Дамески.

Од Токсиколози велат дека завршија со промоција на песни и видеа од нивниот албум „Пушти глас!” но дека тука не застануваат. Додека тие ни подготвуваат нови музички дела кои ќе ги промовираат во периодот што следи, а ќе бидете известени преку нивната фан страна , уживајте во новото видео на Џоле.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2017 10:01