Националистичките изјави на албанскиот премиер Еди Рама, кој ја состави Тиранската платформа, која стана услов за формирање влада, а лидерот на македонската опозиција Зоран Заев ја прифати, им даде сила на албанските градоначалници од Македонија и од регионот. После неговите скандалозни изјави, пораснаа апетитите и натпреварот во провокации од страна албанските градоначалници.
Скандалозна изјава за локалната телевизија Арт даде градоначалникот на Дебар, Ружди Лата. Тој смета дека крвта и душата на Албанците се во Тирана, тој смета дека Дебар станува населба на Тирана.
–Единствена надеж за иднината на Дебар е патот на Арбер, ама не заборавајте кога ќе се изгади патот на Арбер, ние ќе заборавиме на другите, крвта и душата ни се во Тирана. Ние имаме во Тирана многу луѓе, само еден податок ќе ви спомнам, во Тирана има 150 доктори на науки само од Дебар и Дебар полека станува населба на Тирана. Нашиот сон верувам полека се реализира и од причина што на инстиктивен начин, кога управуваме едно возило секогаш раката оди десно, накај Тирана накај Албанија, тоа ни е носталгија што ја имаме во душата, во чувствата, во убедувањата свеста итн., изјави Лата.
Прв албански градоначалник кој со скандалозна изјава излезе во јавноста пред Лата, беше градоначалникот на општина Бујановац во Србија, Јонуз Муслиу, кој по изјавата на Рама за сојуз меѓу Косово и Албанија, кажа дека тој сојуз е бесмислен без делови од Србија.
-Унија на Албанија со Косово, без Прешевската долина, без Медвеџа, Бујановац и Прешево е бесмислена. Сега е клучниот момент Албанија и Косово да и покажат на Србија дека тоа е дел од Албанија, во кој не треба да се чепка, изјави Муслиу.
Ваквите изјави и однесување во Србија предизвикаа жестоки реакции кај српските политичари. Министерот за труд Александар Вулин, кажа дека овие скандалозни изјави се повик за трета балканска војна, додека шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, кажа дека ЕУ, САД и Велика Британија ќе бидат директно одговорни за последиците доколку не реагираат на изјавите на албанските политичари. За разлика од нив лидерот на опозицијата во Македонија Зоран Заев, по желба да дојде на власт по секоја цена, ја прифати скандалозната платформа составена во Тирана, која директно удира во темелите на унитарноста и суверенитетот на Република Македонија.