Рафаел Надал ја освои титулата на Мастерсот во Монте Карло. Тој во два сета 6:1, 6:3 беше подобар од Алберт Рамос-Вињолас.

Шпанецот Рафаел Надал влезе во историјата на современиот тенис освојувајќи ја десетта-та титула во Монте Карло, со што стана првиот тенисер во опен ерата, со двоцифрен број на освоени титули на еден турнир.

Надал, во Монте Карло, го одигра своето 11-то финале на турнирот, на кој има само еден пораз, пред четири години загуби од Новак Ѓоковиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2017 05:56