Изјавите и дејствијата на Заев со кои ги рани големо албанските апетити од ден во ден го зголемуваат албанскиот иредентизам во регионот.

По симнувањето на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово, денеска на фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Шкупи во скопски Чаир се развиори знамето на голема Албанија.

Аболицираниот криминалец Заев е директен виновник на ваквите избливи на шовинизам и иридентизам, кои ја поткопуваат македонската државност.

Го прашуваме аболицираниот криминалец Заев дали е задоволен од постигнатиот резултат на своето делување? Или можеби ќе биде задоволен кога ќе ја федерализира државата?

Граѓаните нема да му дозволат на Заев да ја разнебити државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2017 06:16