Ако победи на претседателските избори во Франција, независниот центристички кандидат, 39-годишниот Емануел Макрон, би бил најмладиот претседател на земјата, по Наполеон Бонапартa.
Исто така, првпат во модерната историја на Франција, во вториот круг на претседателските избори влегува кандидат кој не е претставник на ниту една голема партија.
Францизите вчера главаа во првиот круг на претседателските избори, а според конечните резултати Макрон и претставничката на крајната десница Марин ле Пен освоија најголем број гласови меѓу 11 кандидати и влегоа во вториот круг што ќе се одржи на 7 мај.