Талат Џафери попладнево се обиде со својот автомобил да помине низ толпата граѓани кои протестираат како дел од иницијативата за Заеднича Македонија.

Тој наиде од едната страна на булеварот кај ловец, додека демонстрантите доаѓаа во спротивниот правец движејќи се од Влада кон Собрание.

Откако виде дека не може да се пробие меѓу толпата народ се врати назад кон парламентот.

Талат Џафери е кандидатот кој има мнозинска поддршка да биде избран за собраниски претседател. Демонстрантите пак порачуваат дека нема да дозволат избор на претседател кој нема да се откаже од тиранската платформа.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2017 01:31