Суперхикс ака Банда Инструментале минатиот месец го промовираа својот нов албум насловен како Underground Evergreens,а албумот ќе добие и винил верзија.

Тие не застануваат со работа тука, па вчера промовираа и нов сингл кој доби и видео запис.

Станува збор за песната Луда Главо, која е снимена во студиото ТРАЛАЛА а пак видеото е изработено од страна на Мелем продукција поточно во режија на Огнен Шапковски и директор на фотографија Кристијан Теодоров.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2017 13:46