Ќе биде избран нов претседател на Собранието кој ќе отвори пат за избор на новата реформска Влада. Нови парламентарни избори нема да има.

Тоа е волјата на 700.000 граѓани преточена во новото парламентарно мнозинство составено од 67 пратеници. Криминалната волја на Никола Груевски со којашто ги опустоши семејствата, фирмите и Македонија заврши. Груевски не е фактор! Граѓаните се фактор!

И не е точно дека неколкуте стотини граѓани, кои се потешко излегуваат на нарачаните протести во одбрана на криминалната платформа на Груевски и фамилијата, го промениле ставот за измислената платформа. Груевски сфати дека не може да се вози повеќе на таа апсурдна проѕирна лага, затоа што единствениот реален документ што постои е Програмата на новата реформска Влада, позната на целата домашна јавност и на цел свет. Во неа нема ни промена на химна, знаме, грб, банкноти, име, ниту пак штети врз Македонскиот јазик како службен јазик во Република Македонија. Еве ја содржината на Програма ја, јавно достапна: http://sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=7681&lng=1

Предврмените избори му се потребни единствено на Груевски, за да ја продолжи политичката криза преку што гледа спас од одговорноста за народниот грабеж. Нема да има нови избори. Ќе има нови вработувања, за 100 пати поголема државна поддршка за домашните фирми, реални странски инвестиции, живот за сите, правда, единство, стабилност, евро-атлантска иднина на Македонија што ќе ги обезбеди новата реформска Влада на граѓаните на унитарна Македонија.

Груевски мора да престане да го уценува трансферот на власта со насилие и да ја прифати реалноста. ВМРО-ДПМНЕ е опозиција. За сите активности спротивни на државните интереси ќе има одговорност!



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2017 14:29