Од 15 јуни корисниците на мобилна телефонија од државите членки на Европската унија, кои патуваат во други држави членки, ќе може да користат роаминг без дополнителни трошоци, одлучи Европскиот совет.

– Европјаните ќе може да останат во контакт со сите и да користат интернет како да се дома. ЕУ ни го прави животот полесен на практичен начин, изјави Емануел Малиа министер од Малта.

Зоната без роаминг важи за граѓаните на ЕУ и оние кои патуваат во други држави на ЕУ поради бизнис или како туристи.

Норвешка, Исланд и Лихтенштајн се приклучуваат на таа одлука нешто по 15-ти јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2017 14:32